Руски политичар оди на суд затоа што го гледал говорот на Путин со шпагети на ушите


 

На руски политичар ќе му се суди затоа што го гледал говорот на претседателот Владимир Путин со шпагети на ушите.

Михаил Абдалкин ќе се појави на суд следната недела за да се соочи со обвиненијата дека ги дискредитирал руските вооружени сили со објавување видео на кое се гледа како става шпагети преку ушите.

Абдалкин е пратеник од Комунистичката партија во регионалниот парламент на Самара.

Абдалкин на социјалните мрежи објави дека градскиот суд во Новокујбишев ќе го расправа неговиот случај на 7 март.

Неговата партија веќе го прекори.

„Ќе се бориме да ја докажеме нашата невиност“, рече тој.

Обраќањето на Путин на 21 февруари траеше речиси два часа. Тогаш Путин најави повлекување на Русија од Новиот нуклеарен договор СТАРТ.

Абдалкин го објави своето видео на социјалната мрежа БКонтакте, рускиот еквивалент на Фејсбук.

Тој објасни дека бил натеран да го следи говорот на потпретседателот на локалниот парламент во Самара.

Абдалкин потоа го пофали настапот на Путин.

„Целосно поддржувам, целосно се согласувам, одлична изведба. Не сум слушнал такво нешто 23 години. Пријатно сум изненаден“.

Во Русија се смета дека ако некој  стави шпагети на ушите кога друг зборува значи дека кажаното не е вредно.