Руски медиуми: На бродот „Новочеркаск“ имало 77 морнари, 50 се ранети или исчезнати
Најмалку 19 руски морнари се повредени (часови подоцна бројот е променет на 23), а 33 се водат за исчезнати по нападот на украинските вооружени сили, објави изданието на независните руски новинари „Астра“ на нејзиниот канал на Телеграм.
Според Киев, „Новочеркаск“ е уништен. Според Москва, украинскиот напад го оштетил бродот на нејзината црноморска флота. Тврдењето дека при нападот на бродот „Новочеркаск“ имало морнари, претходно го објави друг руски медиум – „Агентство“, пишува „Украинска правда“.
Експлозии ја потресоа Феодосија во окупираниот Крим околу 3 часот наутро на 26 декември. Генерал-полковник Микола Олешчук, командант на воздухопловните сили на Украина, потврди дека украинските бранители го разнеле големиот руски амфибиски јуришен брод „Новочеркаск“, за кој се верува дека превезувал иранско оружје, дронови и муниција. Во пристаништето избувна пожар.
Подоцна стана јасно дека „Новочеркаск“ е уништен од крстосувачки ракети истрелани од тактичко летало на украинските воздухопловни сили. Астра исто така известува дека на местото биле пронајдени остатоци од крстосувачката ракета со долг дострел Storm Shadow.