Руската рубља со пад од девет отсто, Централната банка ветува интервенција


Руската рубља денеска регистрира пад на вредноста од девет отсто по нападите врз Украина. Централната банка на Русија соопшти дека ќе изврши интервенција.

Московската берза во четвртокот соопшти дека го „прекинува“ тргувањето денеска, неколку часа откако претседателот Владимир Путин го објави почетокот на специјалната воена операција во Украина.