Руската армија ноќеска претретнала 140 украински беспилотни летала над своја територија
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати и уништени 140 украински беспилотни летала над повеќе руски региони.
Според соопштението, дроновите биле соборени во периодот од 20:00 часот на 26 мај до 07:00 часот на 27 мај по московско време.
Украинските беспилотни летала, како што наведуваат руските власти, биле уништени над регионите Белгород, Волгоград, Воронеж, Курск, Орел и Тула, како и над Краснодарскиот крај, а дел од нив биле пресретнати над Азовското и Црното Море.
Руското министерство исто така соопшти дека дел од дроновите биле соборени и над Кримскиот полуостров што Русија го анектираше во 2014 година, но кој меѓународно е признаен како дел од Украина.