Руската амбасада ја честита и годишнинатата од кодификацијата на македонскиот јазик


Откако вчера на Твитер ја одбележа 118-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев и го означи како „македонски народен херој“, руската амбасада денеска преку истата социјална мрежа ја одбележа и годишнината од официјалната кодификација на македонскиот јазик.

„Денеска е Денот на македонскиот јазик, востановен во чест на усвојувањето од владата на Народна Република Македонија на 5 мај 1945 на македонската азбука како официјалнo писмо“, пишува во објавата.

Руската амбасада во Скопје подолго време преку официјални објави е на страната на Македонија околу недоразбирањата со Бугарија – и околу бугарската окупација за време на Втората светска војна, и околу Гоце Делчев, и околу македонскиот јазик.