Русите му овозможија на Путин да владее до 2036 година


 

Мнозинство граѓани на Русија гласаа за измени на уставот со кои му се овозможува на претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година.

Меѓутоа, еднонеделниот референдум, кој заврши денеска, го одбележаа бројни извештаи за притисоци кон гласачите и други неправилности.

Со затворање на повеќето бирлишта во државата и со пребројани 20 отсто од областите, 72 отсто гласаа за уставните амандмани, според податоците на Централната изборна комисија.

Прв пат во Русија, гласањето траеше една недела за да се зголеми излезноста на грашаните, но и да се намали метежот на гласачките места поради пандемијата од корона вирус.

До затворањето на биралиштата во Москва и повеќето други делови на Западна Русија, вкупната излезност изнесуваше 65 отсто според изборните власти. Во некои региони гласале дури 90 отсто од гласачите.

На најисточната точка на Русија полуостровот Чукотска, кој е девет часа пред Москва, властите брзо ги објавија потполните прелиминарни реултати кои покажуваат дека 80 отсто од бирачите ги поддржале амандманите, а во останатите делови на Далечниот Исток повеќе од 70 отсто покажаа поддршка.

Критичарите на Кремљ и независните набљудувачи на изорите ги преиспитуваат официјалните цифри.

„Ги набљудуваме соседните региони и неправилностите се очигледни, постојат региони во кои излезноста е вештачки зголемена, постојат и региони каде тоа е помалку или повеќе вистина“, изјави Григорија Малконијантис, сопретседател на независната група за следење на изборите Голос, за АП.

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска гласаше во Москва. Неговото лице беше откриено, за разлика од оние на другите бирачи кои носеа маски.

Кремљ смета дека амандманите се неопходни за стабилност и сигурност нa земјата, одека противниците на Путин сметаат дека измените претставуваат потег кој би му обезбедил да остане уште долго на власт.

Путин вчера ги повика граѓаните да гласаат за уставните измени и напомена дека секој глас е важен.

„Не гласаме само за амандманите. Гласаме за земјата во која сакме да живееме, за земјата која сакаме да им ја оставиме на нашите деца“, рече Путин.