Русите ќе мораат во Полска за иселенички визи за САД


Русите кои сакаат да поднесат барање за добивање иселеничка виза за САД ќе мора да одат во американската амбасада во Полска затоа што услугата не е достапна во Русија, соопшти Стејт департментот.

„Нема повеќе да даваме нови термини за доселенички визи на руски државјани во Москва“, рече портпаролот на Стејт департментот за АФП, додавајќи дека тоа сега ќе го преземе амбасадата во Варшава.

На интернет-страницата на Стејт департментот за Русија додаден е список на земји во кои САД немаат конзуларно преставништво или чија политичка или безбедносна ситуација е доволно несигурна или неизвесна па ограничениот конзуларен персонал не смее да разгледува барања за визи. Меѓу десетината земји на списокот се држави во војна или непријатели на Вашингтон, како Куба, Иран, Венецуела и Сирија.

Уште не е решена напнатата состојба меѓу Русите и Американците

Според американската дипломатија, одлуката на руската влада да забрани САД вработување на руски персонал или лица од трети земји на локално ниво сериозно влијае на нивната способност за пружање конзуларни услуги.

„Исклучително ограничениот број на персоналот во Русија во моментот не ни дозволува да гарантираме рутински услуги како што е издавањето визи или помош на американските граѓани“, рече портпаролот.

Американската амбасада во Москва ќе продолжи да издава само дипломатски или службени визи. До ваков развој дојде поради нерешената напнатост меѓу САД и Русија и бркање на дипломати од двете страни.

На овој потег САД реагираше и портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Американските дипломати веќе долго го уништуваат системот на конзуларни услуги во Русија, претворија во пекол нешто што е рутинска процедура, техничка процедура“, наведе Захарова на Телеграм.