Русинка протестираше на Црвениот плоштад за силуваните девојки во Украина


Храбра Русинка протестираше со транспарент на Црвениот плоштад во Москва за војната во Украина, гест за кој  може да добие 15 години затвор.

„Руските окупатори систематски силуваа 25 девојки на возраст од 14-24 години во Буча, Украина. Девет од нив сега се бремени. Ова не е војна – ова е криминал. Имаме право на протест по чл. 31 од рускиот устав“, пишува на транспарентот.