Русија загуби веќе 80.000 војници, тврди Украина


 

Новото денешно ажурирање на загубите на руските сили од страна на украинскиот Генерлштаб покажува дека Русија досега од 24 февруари загубила 80.860 војнци. Во текот на вчерашниот ден Русија загубила 650 војници.

Покрај тоа, Русија изгубила и 2.840 тенкови, 5.742 оклопни борбени возила, 1.837 артилериски системи, 393 системи за повеќекратно лансирање ракети, 206 системи за противвоздушна одбрана, 261 хеликоптери, 278 авиони, 1.506 беспилотни летала.

Пред некој ден, висок американски генерал ги процени руските загуби на околу 100.000 убиени и ранети војници.

Украина не ги објавува своите загуби.