Русија возврати и протера македонски дипломат


Еден месец по протерувањето на нејзиниот дипломат од Скопје, Русија објави дека презела возвратна мерка против еден вработен во македонската амбасада во Москва. Соопштението на руското министерство за надворешни работи го пренесува агенцијата Риа новости. Според него, вршителката на должноста амбасадор, Оливера Чаушевска- Димовска, била повикана во министерството каде ѝ било кажано дека еден од вработените во амбасадата е прогласен за персона нон грата.МНР објави дека аташеод амбасадата е протераниот дипломат и изрази жалење за таквата одлука, со оценка дека е неоснована и станува збор само за политичка одмазда.

 Македонија воопшто нема амбасадор во Москва и таквата состојба трае од 2019 година кога си замина последниот амбасадор Гоце Карајанов. За иден амбасадор на Македонија во Москва беше именуван Ненад Колев, кој во моментот на именувањето беше актуeлен амбасадор на Македонија во Австрија и, како што стојат работите – не му се брза да си замине од Виена, иако има агреман да служи во друга држава.

Москва сметаше дека нема никаква основ за протерувањето на рускиот дипломат од Скопје. Претседателот Стево Пендаровски изјави дека „од она што го видов, случајот беше документиран од надлежните институции, не стануваше збор за импровизација“.

Министерството за надворешни работи информира дека денес вршителот на работите во Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва, Оливера Чаушевска- Димовска е повикана во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација при што ѝ била врачена Нота за прогласување ‘нон грата’ на наш дипломат – аташе од Амбасада на Република Северна Македонија во Москва. Министерството за надворешни работи искажува жалење за овој неоснован потег на руската страна, кој претставува политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка освета, и која со тоа негативно ќе влијае на интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји.

 Министерството за надворешни работи во соопштението како реакција на одлуката на Москва искажува жалење за овој „неоснован потег на руската страна, кој претставува политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка освета, и која со тоа негативно ќе влијае на интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји“.