Русија воведе санкции за сопругата и ќерката на Бајден


 

Рускиот претседател Владимир Путин воведе санкции за сопругата и ќерката на американскиот претседател Џо Бајден.

Џол и Ешли Бајден додадени се на листата 25 најистакнати американски државјани на кои им е забранет влез во Русија. Деталите за санкциите засега не се познати.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека тој чекор е преземен „како одговор на сѐ построгите американски санкции против руските политички и јавни личности“.