Русија во Белорусија испрати 300 падобранци

Во воената вежба „Словенско братство 2020“ во Белорусија учествуваат и 300 руски падобранци, а во Минск пристигна и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

И покрај тоа што Русија најави дека нема да се меша во внатрешните работи на Белорусија испрати 300 падобранци. Воената вежба почна на 14 септември, а рускиот претседател Владимир Путин тогаш изјави дека падобранците ќе се вратат во Русија по завршувањето на воената вежба.

Воената вежба се одржува кога секојдневно во Белорусија се одржуваат антивладини протести.

Во октомври во Белорусија треба да се одржат воени вежби со учество на Русија, Ерменија, Казахстан, Киргистан и Таџакистан.