Русија трета во светот по бројот на камери за надзор

Русија по бројот на инсталирани камери за видео надзор е на трето место во светот, по Кина и САД, објави руската новинска агенција ТАСС.

Според студијата на информатичко-аналитичката агенција „телкеком дејли“ во Русија на илјада луѓе се инсталирани 93 камери.

По бројот на камери на 1.000 луѓе, САД се на прво место (152 камери), потоа Кина (93 камери)

Во Русија има 13,5 милиони камери, во Кина 200 милиони, а во САД – 50 милиони камери.

Видео надзорот и складирањето на податоци се една од најразвиените области на ИТ. Заработката од видео надзорот минатата година изнесуваше 1,55 милијарди долари, а до крајот на годината се очекува да се искачи на 1,83 милијарди долари.