Русија спроведува експеримент за преминување на четиридневна работна недела


Руското Министерство за труд спроведува експеримент за воведување четиридневна работна недела во претпријатијата вклучени во националниот проект за подобрување на продуктивноста, пренесува весникот „Известија“.

Весникот го цитира Пјотр Заселски, заменик-министер за економски развој. Се забележува дека на списокот на компании се претпријатија од областа на преработувачката индустрија, земјоделството, научните и техничките активности, како и градежништвото.

„Во претпријатијата работниците не прават ништо 30-40 проценти од времето. Наша цел не е да не го скратиме работниот ден, туку да ги направиме корисни“, објасни заменик-министерот.

Заселски додаде дека во моментов нема јасни параметри за периодот на транзиција кон четиридневна работна недела. Конечниот заклучок за намалување на работната недела, според него, може да се донесе кога ќе се направат поопсежни тестови во поголем број компании бидејќи експеримент во рамките на само едно претпријатие би бил неверодостоен.

На темата за евентуална транзиција во четиридневна работна недела на почетокот на јуни се осврна на премиерот Дмитриј Медведев. Според него, ова е изводливо, но не во овој момент.

„Ова треба да биде придружено со зголемување на продуктивноста на трудот, од една страна, ако станува збор за целосна работна недела и секако одржување на расположивите плати“, рече Медведев.

Идејата беше одобрена од Федерацијата на независни синдикати, а Министерството за труд и социјална политика треба да ја извести владата за својата позиција до крајот на септември.

Министерот за економски развој Максим Орешкин за „РИА новости“ изјави дека транзицијата е можна само доколку нивото на приходите и продуктивноста на трудот се на високо ниво.

Според истражувањето, повеќето работодавци во Русија не поддржуваат премин на четиридневна работна недела.