Русија спроведе вежба за масивен нуклеарен напад
Интерконтинеталната балистичка ракета беше лансирана од космодромот Плосецк во Европа, а целта беше на Камчатка
Руската војска, предводена од Владимир Путин, спроведе вежба за изведба на масивен нуклеарен напад како одговор на непријателски нуклеарен напад, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Според прес-службата на Кремљ, задачите за обука на стратешките сили за одвраќање биле целосно завршени, сите проектили стигнале до своите цели.
Еве што се вели за текот на вежбите на веб-страницата на претседателот на Русија:
„На полигонот Кура во Камчатка, интерконтиненталната балистичка ракета ‘Јарс’ беше лансирана од државниот пробен космодром Плесецк, а балистичката ракета ‘Синева’ беше лансирана од Баренцовото Море. Во спроведувањето на задачите беа вклучени и авиони со долг дострел Ту-95МС, кои лансираа крстосувачки ракети од воздух.
Ден претходно, Пентагон извести дека руските власти однапред ги известиле САД за спроведување на вежбите на стратешките нуклеарни сили „Гром“. Овие вежби се одржуваат редовно секоја година, додаде американското Министерство за одбрана.
Претходната вежба „Гром“ се одржа на 19 февруари 2022 година, пет дена пред почетокот на руската инвазија на Украина.
Руските власти велат дека според воената доктрина на државата, Москва може да користи нуклеарно оружје како одговор на употребата на такво оружје против неа или нејзините сојузници, како и во случај на агресија со користење на конвенционално оружје, „кога се загрозува самото постоење на државата“.