Русија секој ден јавува дека уништува системи ХИМАРС, а ги има само 12 во Украина
Министерството за одбрана на Руската Федерација на утринскиот брифинг на 1 август соопшти дека во Харков се уништени два лансирни ракетни системи ХИМАРС. Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека тие биле на територијата на фабриката „Украински енергетски машини“, која била погодена со „прецизен удар“.
Претходно руската војска најави уништување на четири ХИМАРС. На 6 јули руското Министерство за одбрана објави дека уништило два ракетни фрлачи на територијата на самопрогласената ДПР, а на 17 јули уште еден во близина на градот Покровск во Донецката област. На 22 јули Министерството за одбрана соопшти дека од 5 до 20 јули биле уништени четири фрлачи ХИМАРС.
Вкупно тоа значи дека руската армија уништила 13 американски ракетни лансери ХИМАРС, а се знае дека САД ѝ испорачаа 12 такви системи на Украина. Дополнително во најава е испораката на уште четири такви системи, секој вреден околу 7 милиони долари.
Вооружените сили на Украина претходно ги нарекоа извештаите за уништување на HIMARS „лажни“, а претставници на Пентагон рекоа дека немаат податоци што потврдуваат загуба на барем една таква инсталација.