Русија потврдила дека вакцината предизвикала нуспојави кај доброволците и кои здравствени тегоби ги имале


Еден од седум волонтери кои примиле руска вакцина против вирусот корона ималe несакани ефекти, објави Министерството за здравство на Русија.

Од над 300 волонтери кои учествуваат во трифазното испитување на вакцините, 14 проценти се пожалиле на здравствени проблеми по приемот на вакцината „Спутник V“.

Меѓу симптомите што ги доживеале откако им била инјектирана руската вакцина за корона, се болки во мускулите, исцрпеност и висока температура.

„Овие се очекуваните несакани ефекти и обично исчезнуваат за еден ден, најмногу за еден и пол ден“, изјави министерот за здравство Микаил Мурашко.

„Спутник V“ е прва вакцина во светот против вирусот корона и беше претставена на 11 август.

Русија објави дека ќе покани волонтери да ја примат оваа вакцина, а минатата недела веќе ја примија првите, пренесува „Русија денес“.

На волонтерите им е дозволено да инсталираат апликација преку која ќе пријават здравствени проблеми по приемот на вакцината.

Голема прашина се крена поради руската вакцина, а многумина го критикуваа фактот дека се нанесуваше пред очекуваниот и вообичаен курс за тестирање на безбедноста и ефикасноста. И покрај овие критики, влијателните медицински списанија објавија студии кои покажуваат дека тој е 100% ефикасен и дека сите 76 учесници на првиот тест развиле антитела кон корона.