Русија почна со производството на вакцината против Ковид-19


Русија започна со производството на вакцината против вирусот „ковид 19“, објави денес агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за здравство.

Русија соопшти дека вакцината што ја разви московскиот институт „Гамалеја“ е прва што се произведува во светот. Треба да се појави на пазарот на крајот на месецот.

Некои научници сепак изјавија дека стравуваат дека Москва го ставила националниот престиж пред безбедноста, пренесува Ројтерс.