Русија отфрлена од три тела на ОН


Русија не успеа да влезе во три тела на ОН за кои се решаваше оваа изборна недела. Постојаниот претставник на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, го  објасни ова со руската војна во Украина. Сепак, Русија успеа да добие места во други две тела „со акламација“ (поедноставена постапка).

Според американските медиуми, Русија претрпе клучен пораз од Романија во гласањето за место во Комисијата за статусот на жената на Економскиот и Социјален совет на Обединетите нации (ECOSOC). Сепак, на веб-страницата на Комисијата се наведува дека Русија
го задржува своето членство до 2024 година.

Руската Федерација загуби и  од Естонија за членство во Извршниот одбор на УНИЦЕФ и од Ерменија и Чешка за место во Комисијата на Обединетите нации за спречување на криминалот и кривичната правда. Меѓутоа,  беше избрана за член на Комисијата за социјален развој со акламација. Ова доведе до одбивањето на САД и Обединетото Кралство да учествуваат во Комисијата.