Русија објави список на непријателски земји, меѓу нив и Македонија
Според документот, руските граѓани и компаниите кои имаат девизни долгови кон странските кредитори од списокот на земјите ќе можат да ги платат во рубљи
Руската влада го одобри списокот на странски земји и територии кои спроведуваат непријателски дејствија против Русија, според одлуката на кабинетот на министри. Премиерот Михаил Мишустин го потпишал стапувањето во сила на овој декрет. Меѓу нив се наоѓа и Македонија. Од регионот на овој список не се Србија и Босна и Херцеговина, како ни Косово, бидејќи Москва не го признава за независна држава.
На списокот, покрај Македонија, се наоѓаат Австралија, Албанија, Андора, Велика Британија (вклучително и островот Џерси) Ангила, Британски Девствени Острови, Гибралтар, сите земји-членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Црна Гора, Швајцарија и Јапонија.
Според документот, Владата, руските граѓани и компаниите кои имаат девизни долгови кон странските кредитори од списокот на непријателски земји ќе можат да ги платат во рубљи.