Русија: Нема преговори додека платеници на НАТО има во Украина


 

Високопозициониран руски диплоамт рече дека преговори за безбедносна гаранција за Русија не може да почнат сѐ додека инструктори на НАТО и „платеници“ уште има во украина, односно додека Западот продолжува да праќа оружје во земјата.

Александар Дарчиев, еден од челниците на руското министерство за надворешни работи задолжен за Северна Америка, рече дека „преговорите би биле прерани сѐ додека не престане праќањето оружје и финансирање на режимот на Зеленски и додека американски и платеници и инструктори од НАТО не се повлечат од Украина“.

Потсетуваме дека Русија, странските доброволци кои се борат во редовите на украинската војска ги нарекува „платеници“ и досега осуди низа заробени странски борци.