Русија најави 200 милиони вакцини до крајот на годината


 

Русија до крајот на годината ќе произведе 200 милиони дози вакцини против корона вирус, најави дирекоторот на рускиот Инвестициски фонд, Кирил Димитриев.

Тој, во колумна за магазинот „Њузвик“ наведе дека вакцината ќе се произведува во партнерство со неколку земји.

Додаде, дека според предвиденото, производството на вакцината моќе да достигне три милијарди дози.

Агенцијата Тас, пренесе дека Димитриев зборува за вакцина која ќе ја произведува Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија.

Во светот се развиваат две слични вакцији, една на Оксфордскиот универзитет во соработка со Астра Зенека, додека другата ја подготвува кинеската компанија Кансино биологикс.