Русија му го забрани влезот на актерот Морган Фриман


 

Актерот Морган Фримен е еден од речиси 1.000 американски граѓани кои се погодени со руски санкции, вклучително и забрана за влез во Русија.

Целосната листа со имиња беше објавена од руското Министерство за надворешни работи во саботата, а ги вклучува претседателот Бајден и државниот секретар Антони Блинкен.

„Познатиот актер сними видео обраќање во 2017 година во кое ја обвинува Русија за заговор против САД и повикува на борба против нашата земја“, објасни руското Министерство за надворешни работи.

Тоа е упатување на појавувањето на Фримен во видео кое ја обвинува Русија за мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, на кои победи Доналд Трамп.

На списокот на санкционирани лица има 963 американски државјани, меѓу кои и неколку политичари, лекари, активисти и новинари. На листата е и извршниот директор на „Мета“, Марк Цукерберг.