Русија може да го ограничи производството на нафта поради западните санкции


Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека постои ризик од намалување на производството на нафта во Русија поради ценовните ограничувања на руските суровини што ги воведоа ЕУ и земјите од Г7.

Одговарајќи на новинарско прашање дали сега има предуслови за намалување на производството на нафта, вицепремиерот рече:

„Да, постојат такви ризици. Ќе ги оцениме во блиска иднина“.

Новак претходно во февруари изјави дека производството во Русија во јануари останало на ниво од декември, околу 9,8-9,9 милиони барели дневно, а на почетокот на февруари било на исто ниво.