Русија: Мобилизацијата не важи за вработените во ИТ секторот, медиумите и банките
Русија: Мобилизацијата не важи за вработените во ИТ секоторт, медиумите и банките
Русите кои работат во областа на ИТ, информациите и комуникациите, медиумите, во организациите кои обезбедуваат стабилност на националниот платен систем и инфраструктурата на финансискиот пазар нема да бидат повикани на воена служба како дел од мобилизацијата. Ова го соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Одлуката за ова е донесена за да се „обезбеди работата на одредени високотехнолошки индустрии, како и финансискиот систем на Руската Федерација“, се вели во соопштението на агенцијата.