Русија ќе има огромни проблеми поради оштетувањето на мостот до Крим. Еве зошто


На Русија ќе ѝбидат потребни неколку месеци за целосно да ја поправи штетата на мостот кон Крим, изјави Дејвид Мекензи, виш технички директор на COWI Holding A/S, компанија со седиште во Данска која ги дизајнира и гради некои од најголемите и најдолгите мостови во светот.

„Ограничувањата на сообраќајот на камиони и возови најверојатно ќе останат поради загриженоста дека е оштетна подконструкцијата на мостот“, изјави Мекензи за Вол Стрит Журнал.

Експлозијата на мостот предизвика гнев кај руските политичари и соработниците на Путин, но и кај обичните луѓе во Русија. Сепак, руските државни медиуми се обидоа да го минимизираат настанот, воздржувајќи се од споменување на нападот.

Тие дури емитуваа телевизиски спотови со среќни патници во воз, изразувајќи благодарност што услугата е обновена и изразувајќи уверување во користењето на мостот, пишува Вол Стрит Журнал.

Оштетувањето на мостот ќе ја тестира логистиката на руската војска, која во голема мера се потпира на железничкиот транспорт. Руските сили во јужна Украина се обидуваат да се спротивстават на украинските контранапади и да се задржат на територијата што ја зазедоа во првите недели од војната, пренесува Индекс.хр.

Украина ги оневозможи повеќето мостови на реката Днепар користејќи ракетни системи со долг дострел Химарс, испорачани од САД. Днепар го одвојува Херсон под руска окупација од другите територии под руска контрола.

Украина постигна постојан напредок во регионот во текот на изминатиот месец, иако нејзиниот напредок беше побавен отколку на североистокот, каде што воените сили повратија илјадници квадратни милји територија за само неколку дена минатиот месец.

Украина употреби ракети Химарс во саботата за да го уништи железничкиот центар што го користи руската војска во јужниот дел на регионот Донецк, кој можеше да послужи како уште една рута за снабдување на окупираниот југ.

Институтот за проучување на војната рече дека оштетувањето на мостот нема трајно да ги наруши руските линии за снабдување, но веројатно ќе предизвика значителни проблеми на краток рок.

„Руските сили најверојатно сè уште ќе можат да транспортираат тешка воена опрема со железница. Руските власти најверојатно ќе ги засилат безбедносните проверки на сите возила што минуваат преку мостот. Сепак, ќе има одложувања во движењето на руската воена опрема, персонал и резерви на Крим “, соопшти Институтот за војна.