Русија ќе гради два нуклеарни ректори во Унгарија


Фото: Б. Грданоски

 

Рускиот нукеалрен енергетски џин „Росатом“, следните недели ќе почне со изградба на два нови нуклеарни реактори во Унгарија, рече унгарскиот министер за надворешни работи.

Спогодбата постигната меѓу Русија и Унгарија, држава на ЕУ, во 2014 година има за цел проширување на постоечката нуклеарна електрана „Пакс“.

Руската нуклеарна индустрија не е под санкции од ЕУ.

Локацијата „Пакс“, во моментот проиведува 40 отсто од унгарското снабдување со електрична енергија.

„Нека почне изградбата!“, напиша на Фејсбук, министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.