Русија ќе ги вооружи космонаутите за да ги заштити од диви животни


Русија ќе ги вооружи своите космонаути со специјален пиштол што треба да ги заштити од диви животни доколку слетаат во оддалечени и ненаселени места, изјави денеска директорот на Руската вселенска агенција Дмитриј Рогозин.

– Овие оружја се веќе тестирани. Мислам дека за една година, година и половина, тоа веројатно ќе биде дел од опремата на космонаутите, рече Рогозин.

Планиран е нов руски космодром на Далечниот исток на земјата.

– Слетувањата би можеле да се случат во тоа ретко населено, пошумено подрачје и космонаутите рекоа дека би било добро да се има такво нешто во опремата, додаде Рогозин.

Тие оружја може да се користат за да се сигнализираат местата на слетување и за самоодбрана.