Русија ја обвини ЕУ дека сама е виновна за недостигот на гас
„Неточното планирање, краткорочната енергетска политика е главоболка за европските политичари, која се обидуваат работата да ја пренесат на другите“, вели руски вицепремиер
ЕУ е виновна за нејзината енергетска криза, изјави во саботата рускиот вицепремиер Александар Новак.
Глобалната криза во снабдувањето со гас ги зголеми сметките на потрошувачите низ Европа, поттикнувајќи ја инфлацијата и обвинувањата, неодамна од шефот на Меѓународната агенција за енергетика, Фатих Бирол, дека Москва го влошува проблемот со задржувањето на увозот.
Новак рече дека Русија ги исполнила своите долгорочни договори со ЕУ. А, додаде тој, кризата се должи на „краткогледната политика на Европската унија и Европската комисија, која многу години намерно се оддалечува од долгорочните договори, го пренасочи својот енергетски сектор кон намалување на зависноста од долгорочни договори“.
Околу 40 отсто од увозот на природен гас во Европа доаѓа од Русија, но оваа година протокот во блокот е намален за околу една четвртина.
Новак рече дека Русија има „огромни ресурси“ и дека може да ја зголеми својата понуда за Европа. Но, тоа ќе бара стабилни договори за да се поттикнат инвестициите во производството. „Испорачавме многу повеќе во Германија, во Турција, до други земји кои ги одредија своите количини“, рече тој.
„Неточното планирање, краткорочната енергетска политика е главоболка за европските политичари, која се обидуваат да ја пренесат на другите“, додаде тој. Новак зборуваше за руската јавна телевизија, а коментарите ги пренесе ТАСС.