Русија ја „чисти“ Украина, четири луѓе и едно куче убиени во нападот на Одеса


Ова е секојдневие сега во Украина, бидејќи Русија бара „Украина без Украинци“.

Во Одеса денес, во рускиот напад се убиени четири лица и едно куче, ранети се 32 , меѓу кои две деца и една бремена жена.Едно дете е во многу критична состојба во болница и има само четири години. 

Русија го зголемува својот нечовечки колеж на мажи, жени и деца во Украина. Нејзиното намерно таргетирање на цивили со проектили и бомби довело до 604 убиени во март, вклучувајќи 57 деца.