Русија и Украина разменија заробеници


Русија и Украина соопштија дека денеска ослободиле повеќе од 200 заробени војници во процесот на размена на заробеници на двете завојувани страни.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Кермик, соопшти дека Русија ослободила 140 украински војници, а некои од 132 мажи и осум жени кои се ослободени, а биле ранети или учествувале во борните во црноморскиот пристанишен град Мариупол, пренесе Ројтерс.

Руското министерство за одбрана соопшти порано денеска дека Украина ослободила 82 руски војници во последната размена на заробеници меѓу двете страни.