Русија и СЗО за итно одобрување на „спутник V“


 

Министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко денеска разговарал со генералниот директор на Светската здравствена организација СЗО за руското барање за итно одобрување за употреба на вакцината „спутник V“ против корона вирусот.

„Во текот на разговорите, тие зборуваа за начинот на борба против ширењето на новиор корона вирус, вклучително и вакцинацијата на населението, за подобрување на јавното здравје и зголемување на достапноста на медицинска заштита. Стана збор и за преглед на барањето за одобрување на итна употреба на руската вакцина „спутник V““, се наведува во соопштението од руското министерство за здрваство, пренесе Тас.

Рускиот министер за здравство го извести шефот на СЗО Тедрос Гебрејесус и за акцијата на вакцинација во Русија.

„До денеска милиони граѓани примија вакцина „спутник V“. Вакцината развива трајни антитела и келиски имун одговор на патогенот Ковид-19, но нема негативни несакани ефекти. Всушност, вакцината стана светски бестселер“, рече Мурашко.

Покрај тоа, Мурашко и Гебрејесус разговараа за проектите, кои ги изработи руското Министерство за здравство, а кои имаат цел подобрување на јавното здравје и зголемување на достапноста на здравствена заштита во земјата.

„Генералниот директор на СЗО ги пофали напорите на Русија во фазите да воведе дигитална технологија во здравствениот систем, што ја поедноставува комуникацијата пациент со медицински персонал и во моментот ја подобрува ефикасноста на дополнителна нега“ соопшти Министерството за здравство на Русија.