Русија и Северна Кореја ќе се поврзат со нов сообраќаен мост


Рускиот претседател Владимир Путин му наложи на Министерството за развој на Далечниот Исток и на Арктикот да изработи проект за изградба на сообраќаен мост, кој ќе ги поврзува рускиот регион Приморск и Северна Кореја, соопшти денеска претставник на претседателот за областа Далечен Исток, Јурис Трутнјев.

Според него, ова било разговарано за време на неодамна одржаниот самит на Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, но не прецизираше кога проектот може да се заврши, пренесува Танјуг.

Границата меѓу Руската Федерација и Северна Кореја е долга 39,4 километри, од кои околу 22 километри се на водена површина и тоа е исто така, најкратката Руски меѓународна граница.

Двете земји се поврзани по воздушен пат и со железнички мост над реката Тумен. Двајцата водачи ги нарекоа минатонеделните разговори „темелни“ и „конструктивни“.