Русија е подготвена да размени 500 заробени Украинци за Руси


 Русија достави до Црвениот крст податоци за повеќе од 500 заробени Украинци кои е подготвена да ги размени за заробени Руси, изјави денеска руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова.
 
Русија е подготвена да ги замени за Руси, кои се заробени од страна на Украина, изјави Москалкова.
 
Русија на 24 февруари започна воена инвазија на Украина, што Москва ја нарече „специјална воена операција со цел денацификација и демилитаризација на Украина“.