Русија денеска ја нападнала Украина со 18 крстосувачки ракети (Видео)

Четири крстосувачки ракети KH-101 и пет беспилотни летала од иранско производство беа соборени во текот на бранот ракетни напади од страна на Русија во четвртокот, соопшти украинското воздухопловство.
„Русија повторно удри со стратешки авион Ту-95М од областа Волгодонск во Ростовската област“, соопшти Командата на воздухопловните сили на Украина. „Севкупно, девет бомбардери со ракети лансираа 18 крстаречки ракети од типот Kh-101/Kh-555“.
Целите вклучуваат претпријатие во регионот Дњепропетровск и постројка за производство на гас, се истакнува во соопштението. Кремљ ги засили нападите врз критичната енергетска инфраструктура на Украина во последните неколку недели.
Соборените четири крстосувачки ракети се уништени од Воздухопловната команда „Центар“, а сите пет летала „Шахед“ од иранско производство што ја нападнаа Украина од територијата на Белорусија, се уништени во централниот регион.
President #Zelenskyy published footage of an explosion in #Dnipro. pic.twitter.com/uXvOPfaDzo
— NEXTA (@nexta_tv) November 17, 2022
На југ, соопшти военото воздухопловство, противвоздушната одбрана уништила два наведувани ракети Kh-59.
Во последниве недели, украинската противвоздушна одбрана уништи околу две третини од дојдовните ракети и поголем дел од иранските беспилотни летала.