Рунчева, Ристески, Љутков… избрани за претседатели на комисиите на ВМРО-ДПМНЕ


На вчерашната редовна седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопштија оттаму, се донесени неколку кадровски решенија. Со одлука на ИК, а по предлог на комисиите за селекција на претседатели и кандидати,  избрани се членови и претседатели на повеќе комисии.

За претседател на комисија за надворешни работи е избрана Христина Рунчева Тасев, доцент на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, инаку поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. За претседател на комисијата за здравство е избран Синиша Стојаноски, доцент на Медицински факултет – Скопје, насока патофизиологија и нуклеарна медицина. Стојаноски, во минатото бил и претседател на здравствена комисија на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, како и претседател на комитетот.

За претседател на комисијата за култура е избран  актерот Зоран Љутков, вработен во Драмски театар – Скопје. За претседател на комисијата за локална самоуправа е избран Марјан Ристески, дипломиран економист, поранешен градоначалник на општина Прилеп во период од 2005 година до 2017 година.

За претседател на комисијата за спорт е избран Влатко Неделковски, доцент на Факултетот за физичко образование спорт и здравје. Неделковски бил тренер на многу ракометни клубови во Скопје.

дефокусирање на јавноста од реалните проблеми.

Беше констатирана и лошата економска ситуација во државата и стагнацијата која ни се случува на секое поле.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ дискутирал и за моменталната економско-политичка ситуација во државата.  Како што се соопштува, нотирано е дека власта врши политички реваншизам и ги злоупотребува институциите. Најстрого е осудено апсењето и притворање на Димовски, Митески и другите гонети „во политичкиот процес од страна на власта, кој има за цел дефокусирање на јавноста од реалните проблеми“. Била констатирана и лоша економска ситуација во државата и стагнацијата која ни се случува на секое поле.