Румена Бужаровска го потпишува „Тони“
На само неколку дена до Новата година, еуфоријата е со ТОНИ. Првиот роман на нашата современа писателка Румена Бужаровска ги освои и ги шокира читателите. Или, како што кажаа многумина, „ги тресна од земја“.
По промоцијата, подготви се за уште еден неодминлив книжевен настан годинава. Румена го потпишува ТОНИ – само овој петок во ТРИ, во Ист гејт, од 18 часот.
Брутално комичен и длабоко трагичен, романот на Румена Бужаровска се чита во еден здив. „Тони“ е вистинскиот избор ако сакаш да се преиспиташ себеси, но и своите блиски, токму пред уште еден заеднички почеток. А секако, и да ги подобриш своите новогодишни одлуки!