Румен Радев вети дека нема да прави коалиција со Борисов и Пеевски
Коалицијата на поранешниот бугарски претседател Румен Радев, „Прогресивна Бугарија“, денеска ги објави своите планови пред изборите в недела. Собирот во „Арена 8888 Софија“ ја затвори изборната кампања на коалицијата.
Радев рече дека нема да прави коалиција со Бојко Борисов Борисов, ниту со олигархот Делјан Пеевски. Според него, коалиција со „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“, била непожелна од нивните поддржувачи
„Прогресивна Бугарија“ не е алтернатива на злобниот картел на старите партии. Нашата цел на изборите е апсолутно мнозинство, додаде Радев. Според неговите зборови, „Прогресивна Бугарија“ не ветува чуда, но ветува правила – закон за сите и мир, бидејќи без него сè друго губи смисла.
Дилемата во недела е едноставна – или „Прогресивна Бугарија“, или враќање во маѓепсаниот круг на собранија под водство на Пеевски, Василев, Борисов.
Според последните анкети, коалицијата на Радев има предност од десетина процентни поени пред ГЕРБ на Борисов, но тешко дека ќе може да стигне до апсолутно мнозинство и ќе треба со некоја од партиите да прави мнозинство во Собранието.
Во исто време лидерите на „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) го предводеа маршот во Софија под слоганот „Силна Бугарија во силна Европа“ за да го означат крајот на нивната изборна кампања.
Оваа недела имаме единствена шанса од 2009 година засекогаш да ги избркаме Борисов и Пеевски од власт, рече претседателот на ПП, Асен Василев. „Единственото нешто што стои меѓу нас и оваа иднина е да излеземе и да гласаме“, рече тој. „Можеме да гласаме за силна Бугарија во срцето на Европа или за нов Орбан во ЕУ, кој мисли дека седењето меѓу две столчиња нема да нè фрли на земја“, коментираше Василев.
Претседателот на ДБ, Атанас Атанасов, рече дека нивната задача на овие избори е да ја заштитат демократијата во Бугарија и владеењето на правото.