Румен Радев ѝ го честиташе назначувањето на Шекеринска во НАТО
Бугарскиот претседател Румен Радев преку мрежата Икс го поздрави именувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО велејќи дека очекува таа да придонесе во зајакнувањето на колективната одбрана и безбедност на Алијансата.
„Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата“, напиша Радев на Икс.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи поранешната македонска и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.
Најсериозниот противкандидат на Шекеринска за оваа функција беше Бугарката Марија Габриел, поранешна еврокомесарка и бугарска министерка за надворешни работи.
Шекеринска на оваа позиција ќе дојде на местото Борис Руге, кој во моментов е вршител на должноста заменик-генерален секретар на Алијансата, откако Романецот Мирчеа Џоана се повлече од функцијата за да се кандидира за претседател на својата земја на изборите кои ќе се одржат овој викенд.