Рубио: САД ќе постигнат договор со Иран или ќе дејствуваат „на друг начин“


Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД или ќе постигнат добар договор со Иран или ќе дејствуваат против Исламската Република „на друг начин“.

– Вашингтон ќе ѝ даде целосна шанса на дипломатијата за таа да успее пред да се разгледуваат „алтернативни“ опции, изјави шефот на американската дипломатија во Делхи.

– На маса има многу сериозен предлог во врска со нивните можности да ja отворат Ормуска Теснина и да започнат сериозни, суштински и временски ограничени преговори за нуклеарното прашање. Се надеваме дека тоа ќе може да се реализира –  рече Рубио.