Роверот на НАСА испрати спектакуларна разгледница од Марс откако беше разбуден од „дремката“

НАСА комбинираше фотографии направени наутро и попладне, додека боите на фотографијата беа додадени подоцна


 

На почетокот на април, роверот на НАСА, „Кјуриозити“ (Curiosity), беше во хибернација неколку дена поради надградба на софтверот. Помеѓу 3-ти и 7-ми април, на неговиот компјутер беа инсталирани дури 180 индивидуални надградби, подобрувајќи ги неговите бројни опции. По ажурирањето на софтверот, „Кјуриозити“ сега е побрз, неговите гуми помалку се трошат, обработката на снимените фотографии е исто така подобрена, итн.

Само еден ден потоа, на 8 април, роверот продолжи да ја фотографира Црвената планета, а НАСА објави една таква разгледница направена со нејзината камера оваа недела. Сликата што ја гледате е навистина фасцинантна, но не е само резултат на фотографските можности на роверот на Марс, туку голема улога во неа одиграла и последователната компјутерска обработка. Роверот ја направил фотографијата на местото наречено Маркер Бенд долина, каде минатата година открил знаци на древно езеро, пренесува порталот Лајв сајнс.

Новата панорама е составена од две слики, едната направена наутро, а другата попладне. Комбинирањето на сончевата светлина од два различни агли создава слика со многу поголеми детали од стандардната фотографија, напишаа претставниците на НАСА во соопштението.

Она што е интересно е дека двете фотографии се всушност црно-бели во оригиналот, додека боите се додадени подоцна за да се нагласат карпестите формации и да се додадат утринските и попладневните бои на небото.

На сајтот на НАСА, покрај оваа фотографија, објавена е и дополнителна фотографија со објаснувања за тоа што гледаме на неа. Вака се опишани деловите од роверот кои се видливи на фотографијата, неговите траги на Црвената планета и долините и ридовите на Марс.

НАСА не претпочита да прави вакви фотографии (ова е само втора направена на таков начин), бидејќи за да ги направи, роверот треба да помине цел ден на истото место, што го ограничува количеството на податоци што може да ги собере во текот на ден.

Новата разгледница не е единствената спектакуларна сцена што „Кјуриозити“ ја има снимено. Во февруари, роверот сними една од најјасните снимки досега на „сончеви зраци“, феномен предизвикан од сончевите зраци кои сјаат додека сонцето е под хоризонтот на Црвената планета.

Покрај пејсажните снимки, роверот исто така ја сврте камерата надолу за да сними одблиску неколку интересни минерални формации. Во февруари 2022 година, роверот здогледа минерал сличен на цвет и, на 15 април оваа година, „шпионираше“ мала карпа во форма на книга.