Роналдо сè уште е позитивен на корона вирус
Кристијано Роналдо повторно е позитивен на корона вирус и нема да настапи на мечот од Лигата на шампионите против Барселона во среда.
Португалецот направи тест за корона вирус за време на репрезентативната пауза и беше позитивен, а пред пет дена направи уште еден и повторно го доби истиот резултат.
Првите информации велат дека фудбалерот мора да има негативен тест за корона вирус седум дена пред натпреварот, ако сака да се појави на натпревар.
Сега е тестиран 24 часа пред натпреварот и тестот беше повторно позитивен што значи дека го пропушта натпреварот против Лионел Меси.