Роналдо: Никогаш не го сметав Меси за ривал


Шпанија – Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо зборуваше за капитенот на Барселона, Лионел Меси по победата над каталонскиот клуб со 3:0.

– Ние бевме конкуренти на разни церемонии на доделување награди веќе 12-13 години. Но,  никогаш не го сметав за Меси за ривал, сето тоа беше поттикнато од медиумите. Секогаш добро се сложувавме. И, ако го прашате Лео, тој ќе ви го каже истото, рече Роналдо.

Дуелите на Роналдо и Меси од шпанската Ла Лига долги години беа во центарот на вниманието на светската јавност. Двајцата фудбалери се меѓу најдобрите во светот изминатите петнаесетина години.