Роналдо, Меси, Леброн, Нејмар и Федерер во топ 10 најбогати познати личности


Петмина спортисти се најдоа во листата на Форбс на најбогатите десет познати личности.

На третото место е тенисерот Роџер Федерер, чиј приход се проценува на 106,3 милиони долари, едно место подолу е фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, по него е Лионел Меси од Барселона, седми е фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, додека на деветто место е кошаркарот на Лејкерс, Леброн Џејмс.

Форбс листа на 10 најбогати познати личности:

1. Кајли Џенер – 590 милиони долари

2. Кание Вест – 170 милиони долари

3. Роџер Федерер – 106,3 милиони долари

4. Кристијано Роналдо – 105 милиони долари.

5. Лионел Меси – 104 милиони долари

6. Тајлер Пери – 97 милиони долари

7. Нејмар – 95,5 милиони долари

8. Хауард Стерн – 90 милиони долари

9. Леброн Џејмс – 88,2 милиони долари

10. Двејн Џонсон – 87,5 милиони долари