Роналдо ќе се ожени, но не во скоро време

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека не планира во скоро време да стапи во брак. Тој за својата девојка Георгина Рондигес, која е мајка на неговите две деца, вели дека е неговата најголема љубов во животот.

– Најава за брак? Не сега, не можам да го потврдам тоа во ова интервју. Ова не е приоритет. Но, во целина, зошто да не. Еден ден. Не дека јас го избегнувам тоа, рече Роналдо во интервјуто за Пирс Морган.

На констатацијата на Морган дека Роналдо веќе има 34 години и четири деца и дека го избегнува стапувањето во брак, изјави:

– Не ме форсирај, те молам! Еден ден ова ќе се случи. На крајот на краиштата и мајка ми исто така, сонува за тоа. Затоа ќе се случи еден ден, нагласи Роналдо.