Роналдо ќе дебитира за Ал Наср на 21. јануари против тимот во кој настапува Дарко Велковски 


Дебито на Португалецот Кристијано Роналдо во дресот на Ал Наср ќе се случи на 21 јануари кога во рамки на 14. коло од фудбалското првенство на Саудиска Арабија, неговиот нов клуб ќе игра против Ал Етифак, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Велковски. 

Роналдо пред два дена беше претставен како ново засилување на саудискиот прволигаш, а навивачите на Ал Наср очекуваа португалскиот напаѓач да дебитира на денешниот првенствен натпревар против Ал Тае

Меѓутоа, Роналдо, според правилата на ФИФА, ќе мора да пропушти два натпревари за својот нов клуб поради суспензијата која му ја изрече Манчестер јунајтед во врска со инцидентот кога напуштајќи го теренот по натпреварот со Евертон, скрши мобилен телефон на дете со аутизам. 

Роналдо потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година, а годишно ќе заработува околу 200 милиони евра.