Роналдо и Георгина се венчаа
Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез. Португалската фудбалска ѕвезда (41) и манекенката (32) се венчаа на граѓанска церемонија на 11 август во Каскаис, Португалија. Според официјалното соопштение, венчавката била приватен и интимен настан на кој присуствувале нивните пет деца.
Тие на социјалните мрежи објавија фотографија од нивните раце со бурми со натпис „C❤️G“.
Венчавката се одржа точно една година откако Родригез ја објави нејзината свршувачка на Инстаграм на 11 август 2025 година. Таа потоа сподели фотографија на која се гледа одблиску голем дијамантски прстен.
“Sí, quiero. En esta y en todas mis vidas”, напишала тогаш Георгина, што значи: “Да, сакам. Во овoj и во сите мои животи”.
Двојката заедно одгледува пет деца. Станува збор за близнаците Ева Марија и Матео (8), ќерката Алана (8), ќерката Бела (4) и 15-годишниот син Кристијано Јуниор, кои Роналдо ги имаше во претходната врска. Во април 2022 година, парот ја објави смртта на братот близнак на Бела, Анхел, кој почина за време на породувањето.
Роналдо и Георгина се запознале во 2017 година, додека таа работела како продавачка во продавницата на Гучи. Тие за прв пат се појавија заедно на црвениот тепих во јануари истата година на доделувањето на „Best FIFA Football Awards“ во Цирих. Својата врска ја потврдија на Инстаграм во мај, кога Роналдо објави заедничка фотографија.
Во реалити серијата на Георгина од 2022 година, Јас сум Георгина, Роналдо зборуваше за почетоците на нивната врска. Тој изјавил дека неговата сопруга веднаш била „многу интересна девојка, многу позрела за нејзините години“. Георгина додаде дека нивната врска имала „многу посебен почеток“.
Роналдо призна дека на почетокот не мислел дека врската ќе стане толку сериозна, но брзо се заљубил. “Не мислев дека врската ќе биде толку силна, дека ќе се заљубам во неа. Искрено, не го очекував тоа. Но по некое време почувствував дека таа е жената на мојот живот”, рекол тој во серијата.
Во интервју за шпанскиот Elle во декември 2025 година, Георгина рече дека ненадејниот предлог на Роналдо ја шокирал. „Вистината е дека предлогот не ми беше ни на ум во тој момент“, изјави таа. „Ми требаше долго време да го обработам тој огромен камен што ми го даде. Бев толку изненадена што го оставив прстенот во собата и не го отворив на дневна светлина до следното утро.
Таа го опиша нејзиниот прстен како „убав“, а потоа се пошегува: „Тоа е најмалку што можеше да ми понуди по 10 години чекање“.