Роналдо го продолжи договорот со Ал-Наср до 2026 година


Ријад – Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо го продолжи договорот со Ал Наср, објави новинарот Николо Шира на своите социјални мрежи.

Според Шира, новиот договор на 40-годишниот фудбалер со саудискиот клуб е до 2026 година.

Роналдо му се приклучи на Ал Наср на крајот на декември 2022 година. Заедно со тимот од Ријад, Португалецот стана победник на арапската Лига на шампиони (2023). 

Оваа сезона напаѓачот одигра 26 натпревари за Ал-Наср во сите натпреварувања, постигнувајќи 24 гола и четири асистенции.

Претходно во кариерата Роналдо настапуваше за Манчестер јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Спортинг.