Роналдо бара од Манчестер јунајтед да го продаде доколку дојдат добри понуди


Англија-  Кристијано Роналдо летово ќе го напушти Манчестер јунајтед, објави „Тајмс“. Португалецот се обратил до управата на клубот со барање да го продаде доколку добие соодветна понуда.

Триесет и седумгодишниот напаѓач има за цел да игра во Лигата на шампионите секоја сезона до крајот на кариерата. Според него, му остануваат уште 3-4 години како професионален фудбалер.

Роналдо се врати во Манчестер јунајтед на крајот на август 2021 година. Во сезоната 2021/22 тој постигна 24 гола и три асистенции на 38 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2023 година.