Ромите во Тетово уште живеат без водовод и канализација


На улицата „29 ноември“ во Тетово 60-тина години поголема заедница на семејството Красниќи живее во кал, без поплочени улици и со само една чешма, и беше посочено денеска на градоначалничката Теута Арифи која организираше прием за граѓански здруженија по повод 8 Април, Меѓународениот ден на Ромите.

– Побаравме да се работи на водовод, канализација и поставување бекатон плочки за да можат и тие граѓани да живеат нормално. И на улицата „146“ нема вода, рече програмскиот директор во Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“, Незир Хусеини.

Градоначалничката Арифи истакна дека Општината преку Советот има изгласано стратегија за повеќе точки кои ќе помогнат за инклузија на ромската етничка заедница.

-Во стратегијата предвидуваме каде треба да се интервернира, во кои населби. Значаен дел е менторската програма за поголемо систематско вклучување на учениците во наставата. Со последниот проект за реновирање во детската градинка „Поток“, овозможивме и децата Роми да бидат опфатени во ова образование, истакна Арифи, додавајќи дека денешниот ден е значаен за борбата против дискриминација и достигнувањето сите да бидеме еднакви.

Граѓанските здруженија и врачија благодарница на градоначалничката за помошта на ромската заедница.

-Пред три години Општина Тетово беше прва која по повод 8-ми април го истакна знамето на Ромите пред зградата, па оттогаш тоа редовно се прави, а примерот го следат и останатите, рече Хусеини.

Здржението „Сонце“ во 12 локални самоуправи низ земјава учествува во комуникација со општините преку т.н. локални акциони групи.